дома




editor@sk.com.mk
ШТО Е НОВО?
ТОП МЕСТА!
МУЛТИКУЛТИ
СКОПЈЕ ВЕЗДЕН
ГУРМАН СЦЕНА
КАДЕ ЗА ВИКЕНД?
КОКТЕЛИ
СТАТИИ
Календар на настани
 
Пребарување
 
ИЗДВОЕНИ НАСТАНИ
БИДЕТЕ ХУМАНИ!
КАДЕ ЗА ВИКЕНД?

СКОПСКА ЦРНА ГОРА





Скопска Црна Гора, иако најверојатно никогаш не сте ја посетиле оваа планина, таа има што да понуди.









Според многумина, југозападната страна на планината Скопска Црна Гора, односно делот што припаѓа на Република Македонија и меѓу народот познат под името Скопско Црногорие, претставува токму таков простор. Иако во минатото планината претставувала познато излетничко место за локалното население и населението од подрачјето на град Скопје, денес нејзините потенцијали не се во доволна мера искористени.










Скопска Црна Гора, според туристичко-географската положба и орографските карактеристики, прошарана со многу живописни долини и водотеци, буен растителен и животински свет, благопријатна клима, богата со селски населби што како венец се наредени едно до друго со автентична традиционална архитектура, убаво обработени лозја, овоштарници, ливади и бавчи, многубројни бачила и воденици, покрај кои се изградени нови и модерни станбени објекти, претставува простор што заслужува внимание.










Според бројот на црквите и манастирите, многумина ја нарекуваат Света Гора, а според различните етникуми, ја отсликува целата мултиетничка и мултикултурна Македонија.








Покрај природниот пејзаж, материјалната база земено во целина ги има сите елементи за осмислување на добра туристичка понуда, секако со дополнителни интервенции од страна на релевантните субјекти. Планината Скопска Црна Гора има можности за развој на повеќе видови туризам и тоа селскиот туризам како највисок облик на еко-туризмот, религиозниот, излетнички, планинарење, авантуристичките спортови (параглајдерство, планински велосипедизам, мотоциклизам и слично), културен, здравствено-рехабилитациски туризам, ено-гастро туризам, зимско-спорстки и други видови туризам.











Најдобар начин да ја посетите оваа планина е да патувате со автомобил, но можете и со јавен превоз кој оди до блиските села Бањани или Кучевиште. Како препорака во селото Бањани можете да го посетите манастирот св.Никита кој е изграден во далечната 1308 година од страна на српскиот крал Милутин.










Покрај останатите цркви и манастири кои ќе ги сретнете по патот низ селата, побарајте ја локацијата „Кула“, некогашната  тврдина која се наоѓала во овој регион.




















   Испрати коментар